• Иван Димовски

Арселан вчера загуби на домашен терен од Брајтон (2-1) и само ја потврди катастрофалната серија со деветиот неуспех во низа. Последен пат екипата од „Емирати" победи на крајот на октомври во Европската лига и тоа со пресврт против Викторија Гимараеш. Оттогаш имаат пет ремија и четири порази од кои еден на пенали од Ливерпул во Купот.
На вчерашната средба кон крајот се случи комична ситуација. Иако малкумина забележаа дека Обамејанг го нема, според најавите тој си земал пауза од три минути за да оди во тоалет.
- Видео од неговото враќање на теренот (02:35)
Фреди Љунгберг по натпреварот изјави дека не забележал дека неговиот лидер на екипата го напуштил теренот, но според него тоа не било ништо страшно.
„Искрено не ни забележав дека излегол. Само го видов кога се враќаше на теренот. Кога морате да одите, морате. Ако не ви е добро ништо не можете да промените. Морате сепак да го прашате него што се случило", одбрани Швеѓанецот.
Ова само дополнително зборува за тоа каква е ситуацијата во Арсенал, останува впечаток дека капитенот на екипата не смее да го напушти теренот во финишот при негативен резултат поради ваква бизарна работа.