Арсенал го засилува средниот ред на Артета со играч на Атлетико Мадрид!?

Лондонски Арсенал лошо ја стартуваше сезоната, што резултираше со отказ на Унаи Емери. Клубот кратко го предводеше легендата Фреди Љунгберг, пред враќањето на Микел Артета, овојпат во улога на менаџер. 

Шпанецот е амбициозен и успеа делумно да ја врати формата на тимот, па од следната сезона со неколку засилувања, Арсенал одново ќе може да се бори за место во Лигата на шампионите. 

Според пишувањата на медиумите од Oстровот, лондончани испратиле официјална понуда до Атлетико Мадрид за играчот од средината на теренот, Томас Парти. Тие би исплатиле 50 милиони евра на контото на шпанската екипа, а позитивно е што фудбалерот сака кариерата да ја продолжи токму во Премиер лигата. 

Томас во дресот на „јорганџиите“ пристигна уште како младинец, а дебито во сениорскиот тим го имаше во 2015 година, откако претходно две сезони се калешe во Мајорка и Алмериа. 26-годишникот за Атлетико запиша 174 настапи, а во нив директно учествувал во 27 погодоци и тоа со 15 реализации и 12 асистенции.