ВИДЕО: Арсенал го симна Тотенхем од третото место,  Ремзи и Лаказет го средија Њукасл

Фудбалерите на Арсенал на најдобар можен начин ја искористија очајната форма на Тотенхем и по подолго време ја презедоа третата позиција на табелата во Премиер лигата, со што направија огромен исчекор кон остварување на овосезонските цели и пласманот во Лигата на шампионите. 

Најголемиот ривал на „топџиите“, вчера несреќно го загуби големото дерби со Ливерпул (1-2), а тоа беше добредојдено за пулените на Унаи Емери, кои вечерва во рамки од последниот натпревар од 32. коло на англискиот шампионат со минимални 1-0 славеа над тимот на Њукасл. 

  • Извештај од натпреварот: 

Како и на последните пет меѓусебни натпревари, така и вечерва, двете екипи не одиграа според очекувањата на своите фанови, а особено разочарувачка беше партијата на „страчките“, кои едвај имаа 30% посед на топката, а упатија само еден директен удар кон голот на Лено. Со ваква статистика и пристап на играта, победа во Премиер лигата речиси е невозможно, а уште помалку со противник како Арсенал. 

Домаќините пак, беа поконкретни во своите напади и заслужено ги грабнаа трите бода од овој меч. Резултатот го отвори Арон Ремзи во 30. минута, додека конечните 2-0 во самиот финиш ги постави Александр Лаказат на асистенција на Обамејaнг.

Во следното коло Арсенал на гости го игра дербито со Евертон, додека Њукасл пред своите гледачи ќе го пречека Кристал Палас.