Арсенал го потврди новиот договор со Дејан Илиев

Англискиот премиерлигаш Арсенал потврди дека потпиша нов договор со македонскиот голман Дејан Илиев.

Илиев, кој има 23 години, лани настапуваше за У23 тимот и покажа солидни партии. Со тимот ја освои и англиската Премиер лига за играчи до 23 години, по што веднаш доби нов двегодишен договор. Исто така, беше дел и од првиот тим на Арсенал, во победата против Норич во Карабао Купот.

Новата соработка доаѓа по барање на новиот тренер на „топџиите“, Унај Емери. Дејан Илиев пристигна во Арсенал во 2012 година, од редовите на Беласица.