• Горан Упале

Арсенал е на чекор до потпис со еден од најталентираните млади фудбалери од Грузија. Станува збор за 17-годишниот Андрија Бартишвили, кој денеска отпатува за Лондон за да ги помине лекарските прегледи и да го финализира договорот со англискиот гигант.
Бартишвили важи за најголемиот грузиски талент по Квича Кварацхелија, а неговиот трансфер во Арсенал е договорен со важност од јуни 2027 година. Причината е што младиот фудбалер тогаш ќе наполни 18 години и ќе може официјално да му се приклучи на клубот.
Грузиецот во Арсенал доаѓа со големи очекувања, а во Лондон очигледно веруваат дека во иднина може да прерасне во сериозна ѕвезда. Бартишвили досега го привлече вниманието со своите настапи и индивидуалните квалитети, поради што интересот за него беше огромен.





