• Иван Димовски

Најелитното клупско натпреварување во светот влегува во својот финиш. Првите полуфинални натпревари се играат на 29 април, а реваншите се седум дена подоцна. Арсенал и Пари Сен Жермен веќе се сретнаа оваа сезона во Лигата на шампионите во текот на регуларниот дел од сезоната. „Топчиите“ победија со 2-0, истите ривали сега се среќаваат во полуфиналето и секако ни претстои сосема поинаква игра. Тешко е да се каже кој е во подобра форма, бидејќи и двете екипи играат добро и полни се со самодоверба. Тимот на Микел Артета го демолира Реал Мадрид во претходното коло и моментално е во серија од 12 натпревари без пораз во сите натпреварувања.
Пари Сен Жермен ја обезбеди шампионската титула во домашното првенство и може да ја насочи целата своја енергија на овој двомеч. Избраниците на Луис Енрике импресионираа многумина со леснотијата со која успеваат да ги скршат противниците, со атрактивен фудбал. Сега тие доаѓаат на стадионот Емирати спремни да го сторат истото против Арсенал, кого не успеаја да го победат во претходните меѓусебни натпревари. Сето тоа може да биде дополнителна мотивација за армијата на Енрике, но не заборавајте дека Реал неодамна го посети истото место и си помина лошо. Домашниот терен е сериозна предност за Топџиите, таму само еднаш загубија сезонава и тоа од Вест Хем.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Арсенал и ПСЖ
Ова ќе биде уште еден натпревар на кој можеме да очекуваме многу голови, но повторно, не би биле изненадени доколку Артета се обиде да игра на резултат, со цел барем малку да ја успори армијата на Енрике и да го одбрани својот домашен терен. Пари Сен Жермен нема да отстапи ниту милиметар од она што го правеше досега и ќе направи се за да победи на „Емирати“ и реваншот во Париз да биде помалку неизвесен. Ќе видиме кој ќе биде фаворит на фортуната на крајот.