ВИДЕО: Арсенал ги загреа навивачите со успешен старт во ПЛ

Екипата на Арсенал, која имаше одличен преоден рок, одлично тргна и во Премиер лигата. Во малото лондонско дерби на „Селхурст парк“, избраниците на Артета го совладаа Кристал Палас (0-2). Одлично деби имаше засилувањето Габриел Хесус, асистенција запиша и Зинченко, а староседелците Ремздејл, Сака и Мартинез демонстрираа конзистентност.

  • Извештај од натпреварот:

Добриот избор на нови играчи кај „топџиите“ беше евидентен уште во првото коло. Гостинскиот тим ги искористи своите шанси на дуелот против поранешниот арсеналовец Патрик Виеира и ги впиша трите бода. Со овој резултат, се подгреаја и надежите кај навивачите на Арсенал за поголем успех во англиската елита по подолго време.

Резултатот на теренот на Кристал Палас се отвори во 20. минута, кога новото засилување Зинченко го проигра Мартинели, а овој беше стрелец на првиот премиерлигашки гол во актуелната сезона. Тоа беше резултатот и на паузата, а откако Палас се отвори и тргна на реми, триумфот се потврди со автогол на Гуеи во 85. минута.

Арсенал во следната рунда ќе игра на својот „Емирати“ против Лестер Сити. Палас, пак, има пеколно гостување кај еден од фаворитите за титулата, екипата на Ливерпул.

Состави

Patrick Vieira

4-2-3-1

    Микел Артета

    3-4-1-2