ВИДЕО: Арсенал ги заборави поразите и барем привремено е лидер во ПЛ

Фудбалерите на Арсенал ги заборавија поразите и се радуваа на победа на гостувањето кај Вулверхемптон од 0-2 (0-1), во рамките на 34. коло на Премиер лигата. „Топџиите“ ги надминаа неуспесите против Астон Вила и Баерн, па се вратија на победничките патеки по три натпревари без триумф. 

  • Извештај од натпреварот:

Средбата тргна со мирно темпо и без премногу возбудувања. Првата шанса ја имаа гостите по ударот на Деклан Рајс, а на спротивната страна се закани Жоао Гомеш кој го натера Раја на интервенција и топката заврши во стативата. Резултатот беше отворен по 45. минути игра, откако Леандро Тросар даде убав погодок за 0-1. 

Вториот дел беше рутина за „топџиите“ кои успеаја да го исконтролираат темпото и да го задржат ривалот далеку од својот гол. „Волците“ не успеаја да го загрозат гостинот, па долго немаше погодоци. Конечните 0-2 ги постави Мартин Одегард кој стрела во петтата минута од судиското продолжение. 

Арсенал барем на неколку денови ќе биде лидер во Премиер лигата бидејќи има 74 бода, еден повеќе од Манчестер Сити кој в четврток игра против Брајтон, а три повеќе од Ливерпул.

Состави

Гери О'Нил

3-4-2-1