Арсенал е пред позајмица на плејмејкер од Реал Мадрид

Фудбалерите на Арсенал се близу да доведат уште еден фудбалер од Реал Мадрид на позајмица. 

Така, по Дани Себаљос, на „Емирати“ се очекува да заигра и Мартин Одегард. Норвежанецот не е задоволен од минутажата во Реал Мадрид, па заминување на позајмица би можела да биде идеална. Иако минатата сезона блесна во Реал Сосиедад, тој не се наметна кај Зинедин Зидан и не ја доби ветаната минутажа кога го вратија од позајмицата.

Според „Ел Конфиденшиал“, Арсенал ќе го доведе плејмејкерот на позајмица до крајот на сезоната, без право на откуп. Ваква соработка овие две екипи веќе имаат со Себаљос, кој веќе втора сезона е позајмен во северен Лондон.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.