• Саше Љолес

Иднината на Винициус Јуниор и натаму е една од главните теми во летниот преоден рок, а Арсенал останува меѓу клубовите кои покажуваат најсериозен интерес за бразилскиот напаѓач.
Според повеќе медиуми, раководството на Реал Мадрид нема намера лесно да се откаже од една од своите најголеми ѕвезди и поставило цена од 150 милиони евра за евентуален трансфер.
Со тоа, „кралскиот клуб“ јасно ставил до знаење дека ќе преговара само доколку некој клуб е подготвен да ја плати бараната сума.
Доколку Арсенал се одлучи на ваков потег, тоа би бил убедливо најскапиот трансфер во историјата на лондонскиот клуб. Дел од англиските медиуми пишуваат дека „Арсенал е подготвен за најголемиот трансфер во историјата“, со што дополнително ги загреаја шпекулациите за доаѓање на бразилската ѕвезда.
Винициус веќе неколку сезони е еден од најважните играчи на мадридскиот гигант и има голем удел во освојувањето на бројни трофеи. И покрај честите шпекулации, во моментов нема индиции дека трансферот е блиску до реализација, но нема да изненади ако бидеме сведоци на нов спектакуларен премин во текот на летото.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


