Арсенал донесе резервен голман, потпиша со Рунарсон од Дижон

Арсенал договори уште едно засилување и го доведе Рунар Алекс Рунарсон од редовите на француски Дижон, за кого ќе платат околу два милиони евра.

Чуварот на мрежата од Исланд потпиша четиригодишен договор со „топџиите“ каде ќе го наследи Емилијано Мартинез. 25-годишникот нема да биде прв голман, туку ќе биде резерва на Бернд Лено. 

  • Официјализација на трансферот:

Рунарсон својата кариера ја започна во Рејкјавик, пред да се пресели во Данска и брани за Нордсјеланд. Исланѓанецот во 2018 година беше откупен од Дижон, за кого се најде меѓу стативите на 45 натпревари.