Арсенал добива големо засилување пред двомечот со Реал Мадрид?

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета потврди дека Букајо Сака е блиску до враќање на терените.

Aнглискиот репрезентативец е надвор од терените од крајот на минатата година поради повреда на тетивата за која беше потребна операција, а сега е во завршна фаза на заздравување.

„Тој е многу блиску до враќање. Направи значаен исчекор во закрепнувањето и добро напредува. Ќе видиме, ќе го тестираме и процениме колку брзо може да ни се приклучи во тимот. Но, јасно е дека е блиску", изјави Артета.

Арсенал сега е посветен само на Лигата на шампионите, бидејќи Ливерпул е недостижен во трката за титулата. Арсенал го пречекува Реал Мадрид на осми април, а реваншот се игра осум дена подоцна на „Сантијаго Бернабеу“.