• Мартин Танасковски
Екипата на Арсенал забележа нова победа во рамки на Лигата на Европа и во второто коло, на домашен терен, беше убедливо подобра од белгиски Стандард (4-0).
- Извештај од натпреварот:
Белгијците беа торпедирани уште од самиот старт на мечот, па Арсенал си ја олесни задачата да дојде до посакуваната победа. Благодарение на младиот Мартинели, кој беше двоен стрелец, во 13. и 16. минута, Арсенал доби нова ѕвезда и воедно прокнижи нови три бода во ЛЕ.
Мартинели прво го постигна својот деби-гол во Лига Европа, а само неколку минути подоцна, повторно изненади. По него погоди и Вилок, во 22. минута, за конечните 4-0 да ги постави Дани Себаљос на стартот на второто полувреме.
Во групата на Арсенал, триумф забележа и Ајнтрахт Франкфурт, на гостувањето кај португалски Гимараеш (0-1). Единствениот стрелец на мечот беше Н'Дика во 36. минута од дуелот на стадионот „Алфонсо Енрикес“.
Во групата „Д“, ПСВ беше убедлив во Норвешка кај Розенборг (1-4), а Спортинг пред својата публика без Стефан Ристовски во составот го надигра ЛАСК (2-1). Во групата „Е“, Селтик на домашен терен беше подобар од Клуж (2-0), а Лацио на крилата на Чиро Имобиле со пресврт го совлада Рен (2-1).