• Иван Димовски
Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на шампионите поради повреда.
Тренерот на „топчиите“, Микел Артета, потврди дека Норвежанецот не е подготвен за настап во Шпанија, откако се повреди на дуелот со Нотингем Форест (3-0) во саботата во Премиерлигата. Одегард го напушти натпреварот уште во 17. минута поради несмасен пад на десното рамо во дуел со Морган Гибс-Вајт.
Освен Одегард дуелот во Шпанија ќе го скокнат уште Каи Хаверц, Бен Вајт и Габриел Хесус.
Натпреварот од првото коло помеѓу Атлетик и Арсенал ќе се игра вечерва од 18:45 часот на „Сан Мамес“ во Билбао.









