Арсенал бара одложување на дербито,. Тотенхем смета дека доцна е за такво барање

Арсенал

Екипата на Арсенал испрати официјално барање до Премиер лигата за одложување на лондонското дерби против Тотенхем.

Тимот на Микел Артета е десеткуван, поради позитивни случаи на коронавирус, повреди, суспензии и играчи со репрезентативни обврски. Денес се очекува конечна одлука околу одигрувањето на дуелот меѓу градските ривали.

„Петлите“, пак, сметаат дека доцна е за вакви барања. Антонио Конте веќе ги подготви фудбалерите за натпреварот со Арсенал. Клубот смета дека отсуствата се дел од фудбалската игра и дека мечот треба да се одржи без поместување.

Мартин Одегард е ковид-позитивен, Гранит Џака е суспендиран поради црвен картон, а повредени се Калум Чемберс, Седрик Соарез, Киеран Тирни, Такехиро Томијасу, Емил Смит Роу и Букајо Сака.