• Горан Упале


И покрај тоа што ПСВ е втор најтрофеен тим, „Де Класикер“ меѓу Ајакс и Феенорд останува најважната средба во холандскиот фудбалски календар. Успехот во раните години нна фудбалот во земјата послужи за креирање на ривалството меѓу двата клуба. Клубот од Амстердам е најуспешен во државата со 36 титули во Ередивизие, а ривалот повеќе од половина помалку – 15. Ајакс уживаше далеку повеќе успех на европската сцена од било кој од домашните колеги со четири континентални круни во споредба со по една кои ги освојуваа Феенорд и ПСВ.
Сите квоти во MOZZART од натпреварот Феенорд - Ајакс:
Ривалството меѓу Ајакс и Феенорд исто така може да се гледа како непријателство меѓу двата најголеми холандски града. „Де Класикер“ не е само фудбалска пресметка, туку и натпревар меѓу различни култури и ставови. Ротердам е индустриското срце во Холандија, со еден од најголемите европски аеродроми. Феенорд е клуб на работници. Амстердам од друга страна, се доживува како културен град за туристите. Во Ротердам ги сметаат за арогантни, баш како и нивниот единствен тим Ајакс. Сепак, четата од „Де Кајп“ нема многу шанси да се радува во меѓусебните пресметки со „копјаниците“. Ајакс во своја корист реши 11 од минатите 13 двобои во сите натпреварувања.
Сите квоти во MOZZART од останатите натпревари во Ередивизие:
Меѓутоа, во тековната кампања Ередивизие по 16 рунди, повеќе причини за задоволство имаа пулените на Арне Слот. Феенорд е лидер со четири бода повеќе од АЗ Алкмар и пет чекори пред Ајакс, па потенцијаллно славје во неделното дерби води на плус осум. Екипата на Алфред Шројдер е без победа во претходните пет првенствени натпревари, а на минатите четири ремизираше. Претстојниот „Де Класикер“ ќе биде прв со публика на „Де Кајп“ во речиси четири години.