ВИДЕО: Арнолд стрела од слободен удар, Ливерпул се врати на победите во ПЛ

Фудбалерите на Ливерпул се вратија на победите во Премиер лигата и славеа на гостувањето на „Крејвен Котиџ“ кај Фулам со 1-3 (1-1) во рамките на 34. коло. 

  • Извештај од натпреварот:

По минатонеделниот пораз од Кристал Палас, избраниците на Јирген Клоп реагираа на вистински начин и одржаа чекор со во моментов водечкиот Арсенал со кој се израмнети на по 74 бода. Манчестер Сити пак има еден помалку, но и меч помалку на контото кој го игра в четврток против Брајтон. 

Што се однесува до средбата во Лондон, Ливерпул успеа да дојде до предност преку Трент Александер Арнолд. Англискиот репрезентативец во 32. минута стрела директно од слободен удар за предност на својот тим од 0-1. До полувремето Фулам успеа да се врати резултатски со погодокот на Тимоти Кастањ (1-1). 

Само осум минути игра во продолжението му требаа на Ливерпул пак да поведе. Рајан Гравенберг со добар удар стрела за 1-2, додека конечниот резултат го постави Диого Жота во 72. минута (1-3).