Арнаутовиќ се извини на македонски и на албански јазик за пцовките со Македонија

Мечот против Австрија донесе искри меѓу Марко Арнаутовиќ и Езџан Алиоски. По постигнувањето на третиот погодок за својата репрезентација, 32-годишникот му дофрли неколку збора на македонскиот фудбалер и беше на мета на македонските навивачи.

>>> ВИДЕО: Арнаутовиќ го матира Димитриевски, па го провоцираше Алиоски

Некои од медиумите на Балканот обвинија и за расистички навреди. Тоа, сепак, беше демантирано од самиот Арнаутовиќ, кој одби секаква поврзаност со политика и расизам и јавно се извини на македонски и на албански јазик на социјалната мрежа „Инстаграм“.

  • Објавата на Арнаутовиќ поврзана со инцидентот: