Арнаутовиќ: Пандев е мој добар пријател, многумина го отпишуваат, но...

Фудбалската репрезентација на Австрија е првиот противник на Македонија на Европското првенство (ЕП), а главната ѕвезда во нападот, Марко Арнаутовиќ, има пофалби за Горан Пандев. Двајцата се познаваат, затоа што играа во Интер.

„Македонија има многу добри играчи, меѓу нив и мојот добар пријател - Горан Пандев. Многумина го отпишуваат поради неговите години, но може да видите што може да прави и колку многу е добар“, изјави Арнаутовиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра в недела со почеток од 18:00 часот.