ВИДЕО: Арминија сонува опстанок, Окугава обезбеди минималец против Фрајбург

Арминија

Минималната победа против Фрајбруг за Арминија (1-0) значи преноќување надвор од опасната зона во Бундеслигата.

  • Извештај од натпреварот:

Мечот се играше отворено од двете страни, за на крај домаќинот да има повеќе среќа да се израдува на единствениот погодок вреден златни три бода. Стрелец на голот беше Окугава во вториот дел, кога со помош на еден од противничкит фудбалери го совлада Милер.

Пет минути подоцна Нилсон започна да слави, по една прекрасна реализација. Меѓутоа судијата го поништи погодокот поради офсајд позиција. Тоа ја задржа неизвесноста до крајот на натпреварот, кој не донесе големи возбудувања и обиди на гостите да израмнат.

Фрајбург не мора да се грижи за опстанокот, бидејќи има доволна залиха за завршницата од тековната сезона во Германија.