ВИДЕО: Арминија го изненади Франкфурт, убедливи победи за Леверкузен и Мајнц

Фудбалерите на Арминија Билифилд успеаја да извелечат бод на домашната пресметка против Ајнтрахт Франкфурт (1-1), во рамките на третото коло од Бундеслигата. Иако долго имаа негатива, домаќините на „Шуко Арена“ успеаја да дојдат до нерешен исход со гол во завршницата. 

Резултатот за Франкфурт го отвори Јенс Питер Хауге со погодок во 22. минута од натпреварот, по асистенција на Дурм. По долго надигрување, израмнувањето беше дело на Вимер на четири минути до крајот на средбата, откако играчот влезе како резервист од клупата. 

Убедливо славје на „ВВК Арена“ во Аугсбург запиша Баер Леверкузен од 1-4 (1-2). Со два автогола во третата и 14. минута на Јаго и Нидерлешнер, „фармацевтите“ убедливо поведоа и се најдоа во одлична положба. Иако Нидерлешнер успеа да ја затресе и мрежата на Баер, тоа беше сè од Аугсбург. Со головите на Патрик Шик и Вурц, Леверкузен успеа да дојде до цел плен. 

Добра партија, по раната предност одигра и Мајнц 05 на домашен терен против Гројтер Фирт (3-0). Со погодоците во 15. и 18. минута на Лукоки и Салаи, домаќинот дојде до двојна предност. Новајлијата во Бундеслигата немаше сили да се врати, а казната за тоа и точка на дуелот стави Штогер во 92. минута со гол за конечни 3-0. 

На останатите натпревари Келн го совлада Бохум со 2-1, а Штутгарт дома загуби од Фрајбург со 2-3. 

  • Штутгарт - Фрајбург 2-3:

Денешната програма од Бундеслигата ја заокружуваат Баерн Минхен и Херта