ВИДЕО: Арминија ги шокира „фармацевтите“ и побегна од опасната зона!

Фудбалерите на Арминија Билифилд славеа на гостувањето кај Баер Леверкузен со 0-2, со што го приредија најголемото изненадување во 25. коло на Бундеслигата. Со по еден гол во двете полувремиња на „Бај Арена“ славеа гостите, а иако домаќинот даде гол, сепак не успеа да се врати. Гостинската екипа освои важни бодови и скокна две позиции, па сега е над опасната зона, додека ова е сериозен удар за Баер кој е во битка за место меѓу првите четири екипи. 

  • Извештај од натпреварот: 

Иако Амири отвори со шанса за Леверкузен, Арминија стигна до предност од 0-1 во 16. минута. Кристијан Гебауер го проигра Ритсу Доан, кој лесно реализира за водство. До полувремето имаше по неколку шанси, Доан можеше да зголеми за Арминија, а Шик и Греј не успеаја да израмнат за Баер Леверкузен. 

Во второто полувреме, Масаја Окугава искористи една контра, па во шанса еден на еден реализира и ја удвои позитивата на Арминија (0-2). На потег беше Леверкузен, Диаби и Шик имаа солидни шанси, ама не успеаја да ги искористат. 

Конечно, Патрик Шик успеа да реализира во 85. минута, со што ја врати надежта на „фармацевтите“. Аларио го проигра напаѓачот, кој ја смести топката во празната мрежа, а иако ВАР прегледуваше дали имало прекршок, немаше промена на одлуката. На крајот, Баер Леверкузен не успеа целосно да се врати и го загуби домашниот дуел од Арминија.