„Аријан, ти си најголемиот, ти си Динамо. Ако не ги разбираш Кинезите, врати се кај нас“

На величенствен начин, со полн стадион и овации од цел „Максимир“, Динамо Загреб го испрати еден од најголемите свои фудбалери во историјата, Аријан Адеми. Сите соиграчи му оддадоа огромна почит на македонскиот репрезентативец.

Човекот кој ја наследи капитенската трака од Адеми, Доминик Ливаковиќ, имаше емотивна порака на социјалните мрежи.

„Капитене, тежок натпревар е зад нас. Емоциите се силни, но кога ја гледаме кореографијата на навивачите, уште еднаш гледаме колку им значите на вашите соиграчи и на сите навивачи. Заедно ја делевме соблекувалната и постигнавме историски резултати. Бевте наш лидер и бидете горди и исполнети со себе, затоа што сте најголеми, затоа што сте Динамо.

Брате, ако видиш дека не разбираш што зборуваат Кинезите, врати се! Знаеш дека вратата на клубот никогаш не ти е затворена. Среќно пријателе и благодарам за сè! Секогаш ќе имаш посебно место во срцата на сите фанови како и во моето, твојот најголем обожавател“, напиша Доминик Ливаковиќ на социјалните мрежи.

Петката“ на Динамо секогаш во иднина ќе потсеќа на него, овој број стана уште поважен во клупската историја, особено по заминувањето на бескомпромисниот борец, за кого тренерот Анте Чачиќ изјави дека е „лав кој никогаш не спие, особено по лошо издание на тимот“. 

Состави

Igor Biscan

3-5-2

    Sergej Jakirovic

    4-4-2