• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е неизвесен за стартот на хрватскиот фудбалски шампионат кој тргнува овој викенд.
Капитенот на Динамо Загреб добил незгоден удар на натпреварот во Суперкупот против Хајдук од Сплит и не се знае дали ќе биде во стартниот тим на „модрите“ на мечот против Локомотива од Загреб кој се игра во рамки на првата рунда.
Доколку Динамо не го продаде Јосип Шутало во последен момент, затоа што на големо се говори за негов трансфер, тој ќе биде замената за капитенот на хрватскиот фудбалски првак во првиот тим.
Натпреварот меѓу Динамо Загреб и Локомотива Загреб е закажан на 15 јули.