Аријан Адеми е на тромеѓе: Унгарија, Италија или Кина!?

Аријан Адеми дефинитивно ќе си замине од Динамо Загреб и се очекува наскоро клубот да објави официјално дека тој повеќе нема да биде член на „модрите“ 34-годишниот Адеми е најтрофеен во историјата на клубот, а во моментов е на тромеѓе.

Фудбалерот си подал рака со еден клуб од хрватското соседство, неофицијално тоа е Ујпешт, и сега чека само да го раскине договорот со Динамо, што би требало да се случи овие денови. Но, во меѓувреме Адеми добил две многу интересни понуди. Едната е од Серија А, а другата од Кина, каде што кратко играше во 2023 година пред да се врати во Динамо.

Сите три понуди се финансиски задоволителни, некои повеќе, некои помалку, и останува да видиме каде на крајот ќе заврши Адеми. Единствено сигурно е дека повеќе нема да биде дел од Динамо и дека нема да игра за некој од клубовите од ХНЛ.

Да потсетиме, Адеми во март 2023 година замина од Динамо во Пекинг Гуан за 500.000 евра. Во Кина имаше плата од околу еден и пол милион долари по сезона.