Арѓент Бекири е именуван за нов тренер на Феризај од Урошевац

Првиот помошник на селекторот на македонската репрезентација, Арѓент Бекири е именуван за нов тренер на косовскиот прволигаш Феризај од Урошевац во шампионатот на Косово.

Бекири постигна договор со челниците на клубот и деновиве официјално ќе биде претставен како нов предводник на клубот. Спортски директор на клубот од Урошевац е Генц Исени, кој како активен фудбалер настапуваше во низа наши прволигаши.

Бекири, кој како фудбалер го носеше дресот на македонската селекција и прв стрелец во Слога Југомагнат, во тренерската кариера го водеше матичниот Гостивар.  

Дел од Феризај во пролетниот дел од сезоната ќе биде и македонскиот фудбалер Милан Ристовски, кој во тимот пристигна од Македонија ЃП и Христијан Денковски кој дојде од Пелистер, а на клубот му пристапи и Дардан Мустафи.