ВИДЕО: Аргентински плеј-стејшн - нестварна мајсторија на Дибала и Игуаин!

Двајца аргентински генијалци вечерва го „потпишаа“ веројатно најубавиот гол во Купот на Италија. Јуве очекувано го елиминира Удинезе на Илија Несторовски, а првиот гол на „старата дама“ е вистинско ремек дело.

Дибала и Игуаин неколку пати проиграа меѓусебе, а дефанзивците на Удинезе беа само гледачи на нивните мајстории. На крајот искусниот центарфор ја смести топката зад грбот на Николас и ја отвори голеадата.

  • Голот на Игуаин против Удинезе: 

Кристијано Роналдо доби ден одмор од Маурицио Сари, а по подолго време меѓу стрелците се запиша и Даглас Коста.  

Состави

Maurizio Sarri

4-2-3-1

    Luca Gotti

    3-5-2