Аргентинецот Пулеио ја мина пробата и потпиша договор со Вардар

Во очекување на разрешница на „случајот Мато“, есенскиот првак Вардар го донесе првото засилување за вториот дел на сезоната. Аргентинскиот фудбалер Лукас Иан Пулеио Араја е нов фудбалер на скопскиот клуб, откако денес стави потпис на двегодишен договор.

Станува збор за 27-годишен аргентински крилен фудбалер, кој се одликува со брзина, директна игра и изразена креативност. Во минатата сезона, Аргентинецот настапуваше за црногорски Дечиќ, каде остави солиден впечаток. Со клубот од Тузи го освои Купот на Црна Гора, а во домашното првенство се истакна со шест асистенции, потврдувајќи ја својата улога како играч кој знае да креира и да биде опасен по противничкиот гол.

Неговиот последен ангажман беше во индонезискиот клуб Арема, каде настапуваше до неодамна.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.