Аргентинецот Питана ќе им суди на Франција и Хрватска во финалето од СП

Нестор Питана

ФИФА потврди дека Нелсон Питана од Аргентина ќе биде главниот арбитар на финалето од Светското првенство на „Лужњики“ помеѓу Франција и Хрватска.

Претходно, 43-годишникот беше дел од отворањето на Мундијалот помеѓу домашната селекција на Русија против Саудиска Арабија. Ова ќе биде негов петти меч на првенството по оние помеѓу Мексико - Шведска, Хрватска - Данска, Уругвај - Франција и првиот натпревар на 14 јуни.

Тој покажа 11 жолти картони и не исклучи ниту еден фудбалер. Аргентинскиот судија ќе се искачи на второто место на вечната листа по бројот на натпревари на СП и со девет меча ќе застане зад рекордерот, Равшан Ирматов од Узбекистан (11).

Финалето се игра в недела, 15 јули, со почеток од 17.00 часот.