Аргентинецот Диего Кастањеда и во следните две години дел од Вардар!

Управата на најтрофејниот македонски клуб, ФК Вардар, ја информираше јавноста дека е продолжена соработката со аргентинскиот интернационалец Диего Кастањеда, кој ќе настапува за „црвено-црните“ и во следните две сезони. 

Новата соработка ќе биде со важност до јуни 2028 година, што значи дека Кастањеда ќе продолжи да биде важна алка во таборот на скопскиот прволигаш и еден од фаворитите за шампионската титула. 

Играчот од средниот ред ја започна кариерата во својата родна Аргентина, а во Вардар пристигна од екипата на ОФК Петровац. Сезонава одигра девет првенствени натпревари и постигна два гола за тимот на тренерот Гоце Седлоски