Аргентинците стравуваат за светската титула заради допинг скандалот на Папу Гомез!

Кон средината на оваа недела пристигна информација дека аргентинскиот фудбалер Папу Гомез на неславен начин ја заврши кариерата, бидејќи бил позитивен на допинг тест во ноември минатата година, пред почетокот на Светското првенство во Катар. Гомез тврди дека проблемот настанал откако зел сируп за лекување на болно грло и дека има доказ дека неговиот син го користел претходно. Сепак, тоа не го спасило од двегодишна суспензија.

Оваа ситуација ги загрижи Аргентинците, бидејќи сето тоа се случи пред финалето на Светското првенство во Катар на крајот од минатата година. Според прописите на ФИФА, доколку двајца или повеќе играчи се позитивни на допинг, победата ќе биде поништена. Сега во Аргентина се плашат и се прашуваат дали некој друг фудбалер користел од споменатиот сируп освен Гомез, односно дали можеби фудбалерите на Скалони користеле некои други недозволени супстанци.

Папу Гомез не играше на ниту еден пријателски натпревар по Катар 2022 година и во четирите јужноамерикански квалификациони натпревари за Светското првенство во 2026 година. Споменатиот фудбалер изјави дека го зел сирупот, бидејќи морал да реагира превентивно за болките во грлото да не бидат уште посилни на самиот ден на финалниот натпревар. Аргентинските медиуми ја спуштаат топката и ја смируваат ситуацијата, наведувајќи дека нема ни најмала шанса уште еден фудбалер на „гаучосите“ да биде позитивен. Иако поминаа десет месеци, во Аргентина наеднаш настана паника, а титулата светски првак се прослави на нереален начин низ улиците во градовите.

Што се однесува до Папу Гомез, тој ја започна кариерата во Арсенал Саранди, потоа замина во Сан Лоренцо, па Катанија, Металист Харков, Аталанта, Севиља, пред да потпише за Монца ова лето. На крајот со „црна дамка“ стави крај на кариерата, која ја зачини со освојување на светската шампионска титула.