Аргентинците размислуваат за ерата „по Меси“, го одбраа ли новиот капитен?

Актуелниот светски првак Аргентина веќе се подготвува за периодот што ќе следи по пензионирањето на Лионел Меси. Иако сè уште нема јасен одговор дали капитенот ќе настапи на Мундијалот во САД, Канада и Мексико во 2026, веќе се отвора прашањето кој би ја наследил неговата лента.

Во прв план се споменува Енцо Фернандез, фудбалерот за врска на Челзи и еден од хероите од Катар 2022. 

„На лично ниво, секако, сон ми е да бидам капитен на Аргентина, но таа одлука не е моја. Зависи од стручниот штаб. Тоа дефинитивно е еден од моите сонови и чест би ми била да ја носам капитенската лента. Ќе се обидеме да ја одбраниме и повторно да ја освоиме титулата. Аргентискиот народ е толку страстен и секогаш сака повеќе. Нашиот менталитет е дека заслужуваме да ја одбраниме нашата круна и да одиграме одличен турнир, што значи да го освоиме“, изјави играчот за врска на Челзи.

Тој е свесен дека Мундијалот може да биде последен за актуелниот капитен. А што вели Лионел Меси? Ѕвездата на Интер Мајами остави отворена врата за настап на Мундијалот, но без гаранции.

Аргентинците ќе го бранат трофејот на Светското првенство следната година во САД, Канада и Мексико.