ВИДЕО: Аргентина во Мајами славеше над Венецуела, пресврт-триумф на Чиле над Перу

Селекцијата на Аргентина откако како лидер во квалификациската група го обезбеди пласманот на следното Светско првенство, одигра пријателски натпревар со Венецуела, на кој извојува минимална победа од 1-0 (1-0).

Светскиот првак во новиот дом на Лео Меси, Флорида, над јужноамериканскиот ривал славеше со погодокот на Ло Селсо по половина час игра. „Гаучосите“ имаа тотална доминација на овој натпревар, со скоро 70% посед на топката, и 11 директни удари кон противничкиот гол, но само еден заврши во целта. Лионел Меси поради повреда не се најде во протоколот за овој натпревар.

Минимална победа извојува и селекцијата на Чиле над Перу. Гостите први постигнаа гол и преку Инга поведоа со 0-1, но во вториот дел Диаз и Гутиерез донесоа пресврт-победа за Чиле од 2-1.

Во Монтереј домашната селекција на Канада загуби од Австралија со 0-1, додека без победник заврши дуелот САД и Еквадор