ВИДЕО: Аргентина според планот против Ирак за прв триумф на Олимписките игри!

Аргентинската фудбалска репрезентација ја запиша првата победа на Олимписките игри, откако славеше во дуелот со Ирак (3-1) во рамките на второто коло. Натпреварот на „Олимпик Парк“ понуди два гола во првиот и еден во вториот дел, а Аргентинците одиграа сигурно и без потешкотии прокнижија први бодови. 

По неверојатната драма против Мароканците во првото коло и начинот на кој останаа со „празни раце“, денес Аргентинците одиграа според планот. Веќе во 13. минута Тиаго Алмада стрелаше. по асистенција на Хулијан Алварез, за предност на „гаучосите“ од 1-0. Водството беше актуелно до пред крајот на полувремето, поточно до четвртата дополнителна минута. Тогаш Хусеин погоди за Ирак и донесе израмнување (1-1). 

Аргентинците се наметнаа во второто полувреме, почнаа да притискаат и по серијата измени на границата од еден час, еден од резервистите донесе предност. Лучијано Гонду само две минути откако влезе во игра го матира голманот на Ирак и во 62. минута Аргентина пак поведе. Во продолжението немаше аутсајдерот многу шанси за кам-бек, а пред крајот Езекиел Фернандез стави точка на победата со погодокот за конечни 3-1. 

  • Извештај од натпреварот: 

Овој резултат ја „зачини“ групата Б. Мароко има шанса веќе денес да се пласира во четвртфиналето, а во битката за второто место ќе биде интересно, бидејќи Аргентина и Ирак имаат по три, додека Украина е на „нула“, но има и натпревар помалку.