Аргентина славеше гол, а Марадона од трибина делеше „средни прсти“

Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона направи крајно непримерен гест на мечот меѓу Аргентина и Нигерија, по погодокот кој го постигна Маркос Рохо, вреден триумф за „гаучосите“ и воедно осминафинале.

Стадионот во Санкт Петербург експлодира по погодокот на дефанзивецот, а во екстаза повторно беше Марадона, кој овој пат покажуваше средни прсти.

„Пи*ки, пи*ки“, врескаше некогашниот голгетер на јужноамериканската селекција додека мафташе со средните прсти, а режисерот на мечот веднаш го промени кадарот, за да не продолжат непримерните гестови.

Аргентина во осминафиналето ја чека мега-дерби дуел со репрезентацијата на Франција која оди понатаму како првопласирана во групата „Ц“.