ВИДЕО: Аргентина на нозе, Де Роси пристигна да потпише со Бока

Де Роси

Големиот борец и долгогодишниот член на Рома, Даниеле Де Роси, кариерата ќе ја продолжи во Јужна Америка.

Италијанскиот фудбалер ќе стави потпис на договор со екипата на Бока Јуниорс. Тој е голем фан на тимот, а поради него одби понуди од Милан, Фиорентина и Лос Анџелес Галакси.

Погледнете го дочекот за Де Роси на аеродромот во Буенос Аирес:

36-годишниот ветеран е втор на листата играчи со најмногу настапи за „римската волчица“. Пред него е само легендарниот Франческо Тоти.

По 19 години во клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори, Италијанецот не доби понуда за продолжување на соработка, па реши да замине на другата страна на Атлантикот.