Аргентина има моќен напад: Со Меси и Агуеро против Бразил и Уругвај!

Серхио Агуеро и Лионел Меси ќе играат заедно за репрезентацијата на Аргентина за првпат по настапот на Копа Америка, на дуелите против двата најсилни ривали од Јужна Америка, Бразил и Уругвај.

На списокот на селекторот на „гаучосите“ се најдоа и Лаутаро Мартинез од Интер и Пауло Дибала, а меѓу повиканите го нема Мауро Икарди од ПСЖ, иако игра во перфектна форма во дресот на „светците“.

ГОЛМАНИ: Агустин Марчесин (Порто), Хуан Муси (Удинезе), Емилијано Мартинез (Арсенал), Естебан Андрада (Бока Јуниорс)

ОДБРАНА: Хуан Фојт (Тотенхем), Ренчо Саравиља (Порто), Николас Отаменди (Манчестер Сити), Херман Пецела (Фиорентина), Маркос Рохо (Манчестер Јунајтед), Валтер Канеман (Гремио), Николас Таљафико (Ајакс), Нехуен Перез (Фамиликао)

СРЕДЕН РЕД: Гвидо Родригез (Америка), Џовани Ло Селсо (Тотенхем), Леандро Паредес (ПСЖ), Николас Домингез (Велез), Родриго де Пол (Удинезе), Маркос Акуња (Спортинг), Роберто Переира (Вотфорд), Лукас Окампос (Севиља)

НАПАД: Лионел Меси (Барселона), Серхио Агуеро (Манчестер Сити), Николас Гонзалес (Штутгарт), Лукас Аларио (Леверкузен), Лаутаро Мартинез (Интер), Пауло Дибала (Јувентус)

Дуелот меѓу Аргентина и Бразил се игра на 15 ноември, додека мечот против Уругвај е на 18 ноември. Двата меча ќе се играат во Тел Авив, Израел.