ВИДЕО: Аргентина и без Меси го надигра, но не го порази Чиле

Репрезентациите на Аргентина и Чиле играа без голови во пријателски натпревар игран во Лос Анџелес само три месеци по контроверзниот натпревар за трето место на Копа Америка во Бразил. Натпреварот беше гледлив и покрај конечниот резултат, а единствена лоша точка беше повредата на Џовани Ло Селсо.

„Гаучосите“ почнаа со Дибала како замена за Меси и Кореа и Лаутаро Мартинез како поддршка во нападот. Токму ова трио создаваше многу проблеми за чилеанскиот гол и избраниците на Скалони беа поблиску до водство. На самиот почеток на средбата Таљафико со глава ја здрма пречката од чилеанскиот гол.

За Чиле најзрелата шанса ја имаше Чарлс Арангуиз, кој исто така ја погоди конструкцијата од голот од само неколку метри во 60. минута. „Црвените“ настапија без искусните Хара, Видал и Медел. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во вториот јужноамерикански пријателски натпревар Перу пред своите гледачи загуби од ЕКвадор со 0-1, а единствениот гол го постигна Ерик Кастиљо во 47. минута.