• Горан Упале
Фудбалерите на aргентинската репрезнтација со голот на Николас Отаменди го совладаа Бразил на гостувањето во Рио де Жанеиро со 0-1, во дербито од шестото коло од јужноамериканските квалификации за СП 2026 година, чиј почеток доцнеше половина час, поради конфликт меѓу навивачите и полицијата на трибините на стадионот „Маракана“. Додека ситуацијата на трибините не беше ставена под контрола, аргентинската репрезентација се повлече во соблекувалната. Во тие моменти постоеше опција натпреварот да не се одигра, но сепак, актерите на натпреварот истрчаа на терен.
Crazy scenes in the stands at Maracanã between Brazilian police and Argentina fans.
Full footage by @_igorrodrigues pic.twitter.com/lF4uzyI8A9
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 22, 2023
Кога започна дулот, актуелните светски шампиони покажаа поголема борбеност, а единствениот гол беше постигнат во 63. минута. Џовани Ло Селсо центрираше од корнер, а Николас Отаменди беше највисок во скокот и со силен удар со глава погоди во горниот десен агол покрај немоќниот бразилски голман Алисон Бекер.
- Бразил - Аргентина 0-1:
Бразилците го дочекаа крајот на натпреварот со десет играчи на теренот, бидејќи во 82. минута, само десет минути по влегувањето во игра, Жоелинтон беше исклучен, поради удар во лицето на Родриго де Пол. Домашните ги пречекаа светските шампиони со надеж дека ќе ја прекинат серијата од два порази, но доживеаја ново разочарување и за првпат во историјата загубија три квалификациски натпревари во низа.
Уругвај - Боливија 3-0:
По шест кола, Аргентина е на чело со 15 бода, три повеќе од второпласираниот Уругвај, кој ја победи Боливија со 3-0. Колумбија е трета со 12 бода, додека Бразил со само седум бода е на шестото место, последно што води директно на СП 2026 година.
- Еквадор - Чиле 1-0:
Остануваат уште дванаесет кола во јужноамериканските квалификации, па Бразилците имаат доволно време да ги поправат грешките од последните три натпревари, во кои останаа без ниту еден бод.