• Зоран Мишевски
Аргентина е четвртата селекција кој низ квалификациите се пласира на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. По Нов Зеланд, Јапонија и Иран, светскиот првак многу порано од крајот на јужноамериканските квалификации обезбеди мундијалски билет. По ремито на Боливија и Уругвај беше извесно дека „гаучосите“ не може да испаднат од битката за првите седум места, но момците на Скалони го декласираа Бразил со 4-1 (3-1) на „Монументал“ и побегнаа осум бода на врвот на четири кола до крајот.
- Аргентина - Бразил 4-1:
Хулијан Алварез по само четири минути игра го отвори резултатот, а неполни десет минути подоцна Енцо Фернандез круниса една убава акција со погодок за 2-0. По големата грешка на Ромеро, Бразил намали на 2-1, но тоа беше само илузија за враќање во натпреварот. Алексис МекАлистер во 37. минута пак ги оддалечи Аргентинците на двојна предност.
Во вториот дел царуваа Аргентинците и креираа многу шанси за гол. Сепак, во оваа фаза само еднаш се тресеше мрежата на Пинто. Нововлезениот Џулијано Симеоне од мртов агол погоди за финални 4-1. Судијата Рохас во грубиот натпревар подели девет жолти картони.
Боливија и Уругвај играа без голови, а мрежите мируваа и на дуелот Чиле - Еквадор. Венецуела го продолжи сонот за учество на Мундијалот со победата од 1-0 против Перу. Единствениот погодок беше дело на Саломон Рондон од пенал.
- Боливија - Уругвај 0-0:
Колумбија прокоцка победа и натпреварот против Парагвај го заврши со 2-2. Луис Диаз и Џон Дуран донесоа двојна предност за домашната селекција, но Алонсо и Енцисо донесоа голем бод за Парагвајците.
- Колумбија - Парагвај 2-2:
Следните две кола од квалификациите се играат на почетокот од јуни.