ВИДЕО: Аргентина без Меси од 0-2 до реми со силната Германија!

Фудбалската репрезентација на Аргентина одигра одличен пријателски натпревар во Дортмунд, се извлече од резултатската бездна и дојде до реми со фаворитот на хартија Германија (0-2).

  • Извештај од натпреварот: 

„Гаучосите“ на овој меч играа во комбиниран состав, беа без главниот играч Лионел Меси, меѓутоа тоа како да беше мотив да се изненадат фаворизираните „панцери“ на Јоаким Лев. Ремито добива на тежина ако се земе предвид дека јужноамериканската селекција се врати од два гола негатива.

Дуелот на „Сигнал Идуна Парк“ почна според планот за Германија. Во 16. минута, Серж Гнабри продолжи да игра во перфектна форма и го отвори резултатот, а само неколку минути подоцна, Гнабри асистираше со Каи Хаверц, кој со деби-голот за Германија зголеми на 0-2.

Тоа беше резултат и на полувремето, а многумина очекуваа рутинска игра на домашните и победа. Но, по шеесеттата минута од мечот, гостинот од Аргентина се разбуди, па во 66. минута, Аларио доби топка од Акуна и намали на 1-2. До реми, Аргентина дојде во 85. минута кога по една грешка на средината од теренот Аларио украде топка, се прошета до шеснаесетникот и несебично додаде до Окампос, кој ги постави конечните 2-2.

Германија в недела ја чека меч од квалификациите за ЕП 2020 против Естонија, додека Аргентина ќе игра пријателска средба со Еквадор.