Арџент Беќири поднесе оставка од тренерското место во Феризај

Македонскиот стратег Арџент Беќири повеќе не е тренер на косовскиот прволигаш Феризај, откако во текот на вчерашниот ден си поднесе оставка која беше прифатена од управата на клубот.

Причините за заминувањето на Беќири од клубот се слабите резултати пролетва, откако го превзеде составот на Феризај,, во кој мина скоро четири месеци.

Поранешниот стратег на Гостивар и асистент во стручниот штаба на селекторот Ангеловски, сега ќе се посвети на работата на Управниот одбор на ФФМ каде што е член.