Ардиан Нухиу останува уште три години на чело на проектот Дрита

Македонскиот тренер Ардиан Нухиу доби нов договор од косовскиот суперлигаш Дрита.

Нухиу врши одлична работа со екипата, а оваа година обезбеди место во квалификациите за Конференциската лига и тоа ги исполни целите на управата. Токму затоа Нухиу доби нов договор во времетраење од три години.

Нухиу е на чело на Дрита од 2018 година. Со тимот ги постигна најголемите успеси во историјата и забележа три настапи во квалификациите еврокуповите во низа каде се минуваше коло во два наврати.