Арда прави сензационален трансфер во германски второлигаш

Според информациите од Турција, Арда Туран е најблиску до враќање во матичниот Галатасарај, каде се етаблираше како врвен фудбалер на почетокот од својата кариера.

Покрај дресот на популарните „лавови од Босфорот“, Арда играше и за Манисаспор, Атлетико Мадрид, Барселона и Истанбул Башакшехир. Сега германскиот второлигаш Хановер ќе се обиде да го донесе овој искусен крилен играч.

„Ако е финансиски изводливо, би сакал да го видам Арда Туран во мојот тим“, изјави тренерот на Хановер, Кенан Коџак, за турските медиуми.

Договорот на 33-годишниот фудбалер на турската репрезентација со Барселона неодамна истече, а претходните две сезони ги помина на позајмица во Истанбул Башакшехир.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк