• Иван Димовски
Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, испиша историја и покрај елиминацијата од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лига на шампиони.
Турскиот репрезентативец постигна два гола во поразот од 4-3 на Алијанц Арена и стана првиот играч во историјата на Реал кој дал два гола надвор од шеснаесетникот во нокаут-фаза од елитното натпреварување. Првиот погодок го постигна по само 35 секунди игра, откако ја искористи грешката на Мануел Нојер и од околу 30 метри ја затресе мрежата. Со тоа постави два рекорди, најбрз гол на Реал во историјата на Лигата на шампионите и најбрзо примен гол за Баерн во натпреварувањето.
Во 29. минута Ѓулер повторно погоди, овојпат од слободен удар од околу 20 метри, носејќи водство од 2-1. Со 21 година и 49 дена, Ѓулер стана најмладиот играч кој постигнал директен гол од слободен удар во нокаут-фаза од Лигата на шампионите, со што го надмина рекордот на Алесандро Дел Пјеро стар повеќе од 30 години.




