• Иван Димовски

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа натпреварите во финалето на Купот и во баражот за место во ПМФЛ.
Во мечот за трофејот во најмасовното македонско натпреварување се анализираше пеналот кој Македонија Ѓорче Петров го доби. Се работеше за игра со рака на Кочоски, која по анализата на комисијата е потврдена како казнен удар, санкциониран со жолт картон.
За време на бараж натпреварот во Кавадарци меѓу екипите на Вардар и Скопје, комисијата утврди дека треба да разгледа две ситуации. Судијата Александар Ставрев и помошниците оправдано го поништија голот на Десниќ во 21. минута, а исто така потврдена е и одлуката да му се додели црвен картон на Миле Тодоров. Играчот на Скопје фрли факел назад кон трибината со „Комити“, па Ставрев му го покажа патот кон соблекувалната во 35. минута.
Со овие два натпревари се затвори сезоната кога се работи за елитниот ранг на фудбалот во Македонија. Целосната судиска анализа можете да ја прочитате на ОВОЈ линк.