Арбелоа: Навикнати сме на дуелите со Сити, целта е пласман во четвртфинале!

Привремениот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, изјави дека неговиот тим воопшто не стравува од двомечот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, најавувајќи огромна борба за влез во четвртфиналето. 

„Кралевите“ добија добро познат противник, со кого веќе играа неколку пати изминатите сезони, а Арбелоа смета дека и двете екипи веќе се навикнати на овие тешки пресметки.

„Ние сме веќе навикнати да играме против Сити, точно го знаеме нивниот квалитет, но и тие знаат дека со нас никогаш не е лесно. Ќе биде многу тежок двомеч, никој не се залажува дека тие се во некаква слаба форма. 

Навивачите бараат од нас позитивни резултати. Ние мораме да им го пружиме тоа задоволство, затоа што овој клуб секогаш цели кон највисоките дострели. Ќе излеземе и ќе се бориме до крајот, се надевам дека ќе минеме меѓу осумте најдобри“, изјави Арбелоа. 

Првиот натпревар помеѓу двата великани ќе се одигра во Мадрид на 13 март, а реваншот е закажан за шест дена подоцна.