• Саше Љолес
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, „распали“ по судиите по натпреварот против Џирона (1-1), во кој „кралевите“ испуштија нова можност за бодови кои ќе ги доближат до најголемиот ривал, Барселона.
Арбелоа беше гневен на неколку судиски одлуки, а најмногу се осврна на контактот врз Килиан Мбапе во 87. минута, кога сите на домашната клупа очекуваа најстрога казна.
„За мене ова е пенал, и на Земјата, и на месечината. Ова само уште една несреќна одлука. Секоја недела се соочуваме со слична приказна. Не разбирам, но мислам дека не разбраа ниту навивачите.
Требаше да добиеме пенал, тоа е повеќе од јасно. ВАР-системот се вклучува само кога му одговара.
Ова беше кристално чиста ситуација. Доживеавме многу неправди од судиите сезонава. Истото се случуваше и минатата недела кога игравме со Мајорка“, рече Арбелоа.
Реал Мадрид сега има 70 бодови на табелата, шест помалку од Барселона, која има можност да „побегне“ на разлика од девет бода.







