Арбелоа: Голот на Ѓулер е уметничко дело, по ваква ноќ можам мирно да умрам

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, имаше интересна и емотивна изјава по убедливата победа над Елче (4-1), натпревар на кој блесна младиот турски фудбалер Арда Ѓулер со спектакуларен погодок.

Стратегот на „кралевите“ не го криеше одушевувањето од голот на младиот офанзивец, кој со удар од повеќе од половина терен го постави конечниот резултат. Арбелоа истакна дека погодокот на Ѓулер бил вистинско ремек-дело.

„Голот на Ѓулер е за во рамка. Тоа е вистинско уметничко дело. По ваква вечер можам мирно да умрам“, изјави Арбелоа.

Реал Мадрид славеше со 4-1, а покрај Ѓулер, во листата на стрелци се запишаа и Ридигер, Валверде и Хујсен. Со оваа победа мадридскиот гигант продолжи да чекори во трката за шампионската титула во шпанската елита.