• Мартин Танасковски

Илкај Гундоган игра страшен крај на сезоната со Манчестер Сити. Играчот од средниот ред е на истек на договорот со „граѓаните“, веројатно ќе има и нова средина следната сезона, а една од понудите доаѓа од Саудиска Арабија.
Арапите го донесоа Кристијано Роналдо, па Карим Бензема, се чека Нголо Канте, а исто така се и во офанзива на Гундоган. Наводно, веќе два клуба испратиле понуда на адреса на германскиот фудбалер.
Првата страна која го сака Гундоган е Ал-Наср во чии редови игра Роналдо. Му се нуди плата од 95 милиони евра. Сепак, во игра ќе влезе и Ал-Итихад каде е Бензема, затоа што се најавува дека по финалето на ЛШ ќе следи понуда, исто така од 95 милиони евра плата.
Цифрата која ја нудат Арапите е за една сезона. Саудиска Арабија го развива фудбалот и фрла високи суми за ѕвезди, со надеж дека ќе го добие Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2030 година.